ПРВ.мк
Македонија

Запленета огромна сума на пари на скопскиот аеродром - ова е причината!

Запленета огромна сума на пари на скопскиот аеродром - ова е причината!

Царинските службеници на Меѓународниот аеродром Скопје утринава спречија обид за нелегален пренос на голема сума девизи. При контрола на двајца македонски државјани – сопружници, биле пронајдени 68 илјади австралиски долари.

Иако носеле значителна сума пари, патниците наместо да се упатат на црвениот канал, кој е наменет за пријавување на девизи и стоки, се обиделе да поминат низ зелениот канал. Цариниците ги селектирале за детална контрола и тогаш биле откриени непријавените девизи.

Согласно Законот за девизно работење, на секој од нив им биле вратени средства во противвредност од по 10 илјади евра (вкупно 33 илјади австралиски долари), додека преостанатите 35 илјади австралиски долари биле запленети.

„Царинската управа во континуитет презема активности насочени кон спречување на нелегален прекуграничен пренос на готовина,“ стои во официјалното соопштение.

Овој случај уште еднаш ја потврдува важноста на строгите контроли на аеродромите и ја нагласува потребата патниците да бидат внимателни и да ги почитуваат законските правила при патување.