ПРВ.мк
Македонија

1,83 милиони гласачи на локалните избори: 112.000 ќе гласаат од странство!

1,83 милиони гласачи на локалните избори: 112.000 ќе гласаат од странство!

Вкупно 1.832.415 граѓани ќе гласаат на претстојните локални избори во Северна Македонија, кои се закажани за 19 октомври 2025 година, соопшти претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Борис Кондарко на 138. седница на комисијата.

Од нив, 1.717.803 граѓани се запишани во редовните изводи на Избирачкиот список, додека 112.000 граѓани ќе гласаат од странство поради привремена работа или престој во други земји. Дополнително, право на глас имаат 2.162 лица кои се наоѓаат во притвор или издржуваат казна затвор, како и 450 избирачи од домовите за стари лица кои поднеле пријава за гласање.

На седницата едногласно беше донесена одлуката за заклучување на Избирачкиот список за спроведување на локалните избори за советите на општините, Советот на Град Скопје, како и за градоначалници на општините и на Град Скопје. Гласањето ќе се одвива со еден Избирачки список на сите гласачки места.

Членот на ДИК, Ангелчо Ристов, посочи дека во државата се регистрирани 3.480 избирачки места, од кои на 132 гласачки места се запишани помалку од десет избирачи. За овие лица, гласањето ќе се спроведе на најблиското избирачко место со повеќе од десет гласачи, а општинските Изборни комисии во координација со подрачните и регионални канцеларии на ДИК ќе ги известат гласачите за промените.

До ДИК досега се поднесени четири барања за набљудување на изборите: од Центарот за развој, реформи и обуки за изборни системи – Грузија, Амбасадата на Република Словачка во Северна Македонија, Централната изборна комисија на Украина и здружението „Институт за истражување и аналитика на политика Ромалитико“ од Скопје.

Escape
1,83 милиони гласачи на локалните избори: 112.000 ќе гласаат од странство!