Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во текот на неделава спроведоа вонредна контрола кај еден оператор со храна, при што беа запленети и нештетно уништени околу 37 тони јаткасти плодови, зрнести и мешункасти производи, како и разни зачини. Сите производи биле без декларации и со истечен рок на употреба од една до две години.
На операторот му е изречена временa забрана за работа, парична глоба и наредба за отстранување на утврдените недостатоци под надзор.
АХВ исто така спроведе контроли и кај други оператори со храна – месарници, ресторани, сендвичарници и маркети. При инспекциите се утврдиле разни недоследности, како нерегистрирани оператори, непочитување на обуките за безбедност на храната и пуштање во промет на небезбедни производи. За овие прекршоци, на одговорните лица им се изречени парични казни, временa забрана за работа и наредби за отстранување на недостатоците, додека небезбедната храна била нештетно уништена.
Овие акции се дел од континуираните напори на АХВ за заштита на јавното здравје и спречување на пуштање во промет на небезбедни прехранбени производи.
















