ПРВ.мк
Македонија

НОВО ПОСКАПУВАЊЕ: Струјата поскапа, просечните сметки се зголемуваат - еве за колку посто!

НОВО ПОСКАПУВАЊЕ: Струјата поскапа, просечните сметки се зголемуваат - еве за колку посто!
Kristal

Од првиот ден на Новата година, домаќинствата ќе плаќаат повисоки сметки за електрична енергија во просек за 2,28%. Зголемувањето се однесува на сите четири блок тарифи и ја опфаќа и евтината струја, соопшти Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Според претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски, оваа корекција ќе влијае на околу 85% од домаќинствата, чии сметки ќе се зголемат во просек од 57 до 70 денари.

Зголемување по блокови:

  • Првиот блок: +2,45% (ЕВН Хоум предложил 7,66%)
  • Вториот блок: +2,87% (барање 8,54%)
  • Третиот блок: +3,32% (барање 9,63%)
  • Четвртиот блок: +3,84% (барање 11,86%)

Евтината тарифа (од 13 до 15 часот во работните денови, ноќните часови и недела) ќе поскапи за 2,50% (ЕВН Хоум предложил 3,96%).

РКЕ истакнува дека:

  • Домаќинствата со потрошувачка во првиот и вториот блок ќе имаат зголемување на сметката за 2,59%
  • За оние со потрошувачка и во трет блок, зголемувањето ќе изнесува 2,79%

Според податоците на РКЕ:

  • 64% од потрошувачите користат енергија во првиот блок
  • 21% потрошуваат и во вториот блок
  • 1,73% имаат потрошувачка и во третиот блок
FixCredit
Escape