Крушевецанец пијан возел „застава“ и предизвикал сообраќајна несреќа со материјална штета. При контрола, кај Н.К. (67) од Крушево е откриено 2,09 промили алкохол во крвта.
Тој бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица, а против него ќе биде поднесена пријава за безобзирно управување со моторно возило, соопшти СВР Битола.