ПРВ.мк
Македонија

НАЈНОВО: Голема полициска акција во Македонија – откриена финансиска афера вредна милиони

НАЈНОВО: Голема полициска акција во Македонија – откриена финансиска афера вредна милиони

Утрово започна голема полициска акција на Управата за финансиска полиција во општините Липково, Куманово и Желино. Полицијата изврши претреси на повеќе локации како дел од истрага за организирана криминална група осомничена за даночна измама, даночно затајување, перење пари и други финансиски злоупотреби.

Според првичните информации, групата се занимавала со набавка и продажба на нафтени деривати, а се сомничи дека преку нелегални активности оштетила државата за над 7 милиони евра.

Акцијата е резултат на подолга истрага и ќе продолжи во текот на денот, а дополнителни детали се очекуваат по завршувањето на претресите.

Escape