ПРВ.мк
Македонија

Телефонски измами продолжуваат – Осумдесет и тригодишна жена измамена за 2.000 евра

Телефонски измами продолжуваат – Осумдесет и тригодишна жена измамена за 2.000 евра

Осумдесет и тригодишна жена од Тетово вчера пријавила дека станала жртва на телефонска измама и изгубила 2.000 евра. Непознато лице ѝ се јавило и лажно ѝ соопштило дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна несреќа со смртни последици во Скопје, барајќи итно да предаде пари за „да избегне затвор“.

Вознемирената жена оставила пари на договореното место, а дека била измамена сфатила подоцна по разговор со својот зет.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот и апелира до граѓаните: никогаш да не даваат пари по телефонски барања од непознати лица, веднаш да ја проверат информацијата со блиските, да не споделуваат лични и финансиски податоци и секој сомнителен повик да го пријават на бројот 192 или во најблиската полициска станица.

Escape