ПРВ.мк
Свет

Силен земјотрес го погоди западот на Турција

Силен земјотрес го погоди западот на Турција

Земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала ја погоди западна Турција денес, 24 август 2025 година, во 20:58 часот.

Епицентарот бил лоциран јужно од градот Баликешир, со географска ширина 39,1797 и должина 28,1272. Хипоцентарот, според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓал на длабочина од околу 11 километри под површината.

Засега нема информации за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат состојбата на терен.

Escape