ПРВ.мк
Свет

Шпигел: Мерц размислува да ја номинира Фон дер Лајен за германски претседател во 2027 година

Шпигел: Мерц размислува да ја номинира Фон дер Лајен за германски претседател во 2027 година

Германскиот канцелар Фридрих Мерц ја разгледува можноста да ја предложи претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, за позицијата претседател на Германија во 2027 година, објави „Шпигел“ повикувајќи се на владини извори.

Мерц неодамна изјави дека би било пожелно жена да ја заземе функцијата претседател, но дека списокот на потенцијални кандидати е „многу краток“.

Фон дер Лајен, која во 2024 година беше избрана за претседател на Европската комисија по втор пат, ќе го заврши својот петгодишен мандат во 2029 година.

Escape