ПРВ.мк
Свет

(Видео) Трамп откри: Путин избегнува средба со Зеленски затоа што „не го сака“

(Видео) Трамп откри: Путин избегнува средба со Зеленски затоа што „не го сака“

Американскиот претседател Доналд Трамп на прес-конференција во Белата куќа откри дека рускиот лидер Владимир Путин одбива да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски затоа што „не го сака“.

Кога новинарите го прашаа за причината за избегнување на средбата, Трамп кратко одговори: „Затоа што не го сака. Не го сака“.

Трамп потврди дека во меѓувреме разговарал со Путин, по минатонеделната средба со Зеленски и европските лидери во Белата куќа. „Секој разговор со него е добар разговор. А потоа, за жал, бомба паѓа врз Киев или некаде на друго место и многу се лутам“, додаде тој, изразувајќи ја својата фрустрација од продолжувањето на конфликтот.

Видео:

Escape