ПРВ.мк
Магазин

Заборавен тикет, богатство во џеб: Шест месеци не знаел дека освоил 15 милиони евра!

Заборавен тикет, богатство во џеб: Шест месеци не знаел дека освоил 15 милиони евра!

Еден маж од областа на Франкфурт, Германија, доживеал вистински шок и радост кога по шест месеци открил дека добил 15,3 милиони евра на лотарија – благодарение на заборавен тикет во џеб од стара јакна.

Несвесен дека токму тој е добитникот по кого Lotto Hessen трага со постери и кампањи уште од март, мажот тикетот го пронашол дури кога температурите се спуштиле и решил да ја облече истата јакна по половина година.

„Кога ги проверив броевите на телефонот и ја видов сумата, бев целосно шокиран. За среќа, седев – инаку ќе паднев“, изјави добитникот.

Иако дури слушал на радио за потрагата по „заборавениот милионер“, никогаш не му текнало дека токму тој е личноста што сите ја бараат.

Среќниот брачен пар откри дека парите ќе ги насочат кон иднината на своите деца, додека првото нешто што ќе го купат е – нова гарнитура за дневната соба. Одлучиле и дека нема да ја откријат точната добивка на пријателите и семејството.

Можеби некои соништата ги испишуваат на хартија. Во неговиот случај – на заборавен тикет.