ПРВ.мк
Магазин

(ВИДЕО) Водителката го „распарчи“ Леонардо ДиКаприо на Златните глобуси – неговата реакција ги воодушеви сите!

(ВИДЕО) Водителката го „распарчи“ Леонардо ДиКаприо на Златните глобуси – неговата реакција ги воодушеви сите!
Kristal

Доделувањето на 83-тите „Златни глобуси“, одржано во Лос Анџелес, донесе момент за кој денес зборуваат сите. Водителката Ники Глејзер уште во воведниот монолог најави вечер без цензура, а една од нејзините најгласни „жртви“ беше Леонардо Дикаприо.

Со низа остри, но духовити шеги, Глејзер се пошегува на сметка на приватниот живот и имиџот на актерот, алудирајќи дека за него „не се знае ништо ново“, освен добро познатите навики. Публиката експлодираше од смеа, а камерите веднаш го фатија Дикаприо.

Наместо непријатност, 51-годишниот актер реагираше со широка насмевка и одобрувачко кимнување, покажувајќи дека умее да ја прифати шегата на своја сметка. Во еден момент дури и кратко ѝ одговори од својата маса, што дополнително ја разигра салата и го направи моментот вирален.

Иако шегите беа директни, Глејзер јасно стави до знаење дека зад нив нема навреда. Таа истакна дека ваков хумор си дозволува само кон луѓе што ги почитува, нагласувајќи дека Дикаприо е актер со исклучителна кариера и култен статус во филмската индустрија.

ПОГЛЕДНИ ВИДЕО

Настанот уште еднаш покажа зошто „Златните глобуси“ често нудат поопуштена и поризична атмосфера од другите награди – а овој момент со Дикаприо веќе се споделува масовно на социјалните мрежи како еден од најзабавните на вечерта.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo