ПРВ.мк

(ВИДЕО) Хуманоиден робот нападнал вработен за време на тестирање

(ВИДЕО) Хуманоиден робот нападнал вработен за време на тестирање
Jumbo Banner

Во фабрика во Кина неодамна беше забележан инцидент што разгоре дебата за потенцијалните опасности што ги носи вештачката интелигенција. Снимките од безбедносните камери покажуваат хуманоиден робот како се обидува да нападне вработен. Видеото брзо се прошири низ социјалните медиуми, вклучувајќи ги Инстаграм и X, и предизвика значителна загриженост кај оние што го гледаа.

Видеото го прикажува роботот како виси од кранот, додека двајца вработени работат во негова близина. Одеднаш, роботот се активирал и почнал агресивно да ги движи нозете и рацете. Вработените на почетокот беа исплашени бидејќи роботот изгледаше „решен“ да нападне еден од нив.

За среќа, вработениот го избегнал, по што бил деактивиран со исклучување на напојувањето со електрична енергија.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран