ПРВ.мк
Магазин

(ВИДЕО) Coca-Cola ја враќа магијата на празниците со AI-божиќни реклами

(ВИДЕО) Coca-Cola ја враќа магијата на празниците со AI-божиќни реклами
Kristal

Coca-Cola го објави својот нов божиќен кампања кој ќе ве потсети на убавите спомени и ќе го разбуди празничниот дух. Рекламата „Holidays Are Coming“, класична од 1995 година, сега е преработена со помош на вештачка интелигенција.

„Празниците се тука, затоа земи Coca-Cola и рашири радост“, стои во официјалниот опис на видеото.

Во втората реклама, „A Holiday Memory“, приказната го следи моментот кога жена ја кити својата елка и пронаоѓа лампион што ја потсетува на својот дедо и на семејниот момент кога пееле „Feliz Navidad“.

„Прослави ја празничната сезона со Coca-Cola и со оние кои ги сакаш“, велат од компанијата, охрабрувајќи ја радоста, спомените и заедништвото во празничниот период.

Овие AI-реклами ја комбинираат класичната празнична естетика на Coca-Cola со современата технологија, создавајќи носталгична, а сепак иновативна празнична атмосфера.

ВИДЕО

Escape