ПРВ.мк
Магазин

ТОПЛОТНИОТ БРАН НОСИ НОВА ОПАСНОСТ: Ова никако не го оставајте во автомобилот!

ТОПЛОТНИОТ БРАН НОСИ НОВА ОПАСНОСТ: Ова никако не го оставајте во автомобилот!

Поради најавените високи температури и топлотниот бран кој го зафати регионот, возачите се предупредуваат да бидат особено внимателни, не само во сообраќајот, туку и поради зголемената опасност од појава на пожари.

Експертите апелираат во автомобилите да не се оставаат предмети кои под влијание на високите температури можат да предизвикаат опасност. Особено внимание се посветува на проѕирните шишиња, запалките, спрејовите и лименките, кои во услови на силно сонце можат да создадат ризична ситуација.

Дополнително, се препорачува возачите да избегнуваат паркирање на суви тревни површини или ниска вегетација. Загреаните делови од автомобилот, особено издувниот систем, можат да предизвикаат палење на сувата трева и брзо ширење на пожарот.

За време на најтоплите денови, се советува подолгите патувања и поминувањето на границите да се планираат во вечерните или раните утрински часови, кога температурите се пониски и условите за возење се полесни и за возачите и за возилата.

Сепак, стручните лица предупредуваат дека ноќното возење исто така бара зголемена внимателност. Заморот, недоволниот одмор и поспаноста можат сериозно да ја намалат концентрацијата и да ја зголемат опасноста од сообраќајни незгоди.

Со оглед на екстремните временски услови, возачите се повикуваат на дополнителна претпазливост и редовна проверка на состојбата на возилата пред тргнување на пат