Португалските медиуми објавија дека Кристијано Роналдо и неговата долгогодишна партнерка Џорџина Родригез наводно планираат да стапат во брак овој викенд, но засега информацијата не е официјално потврдена.
Според објавите, церемонијата би требало да се одржи во сабота, 1 август, во луксузниот комплекс Квинта да Регалеира во Синтра, Португалија, а меѓу поканетите наводно ќе има бројни познати личности од светот на спортот и шоу-бизнисот.
Љубовната приказна на Роналдо и Џорџина започна во 2016 година, кога се запознале во продавница на брендот „Гучи“ во Мадрид, каде што таа тогаш работела. Оттогаш тие изградија заедничко семејство и станаа еден од најпознатите светски парови.
И покрај бројните медиумски информации, ниту Роналдо ниту Џорџина досега не ја потврдиле венчавката, па останува да се види дали шпекулациите ќе се покажат како точни и дали двојката навистина ќе го каже судбоносното „да“ овој викенд.









