ПРВ.мк
Магазин

ШОК ЗА ЛЕТО 2026: НА ОВИЕ ЛОКАЦИИ Е ЗАБРАНЕТО ДВИЖЕЊЕ СО БИКИНИ!

 ШОК ЗА ЛЕТО 2026: НА ОВИЕ ЛОКАЦИИ Е ЗАБРАНЕТО ДВИЖЕЊЕ СО БИКИНИ!
Kristal

Во северните предградија на Сиднеј воведено е ново правило кое предизвика бурни реакции – патниците повеќе нема да можат да се качуваат во автобус само во костими за капење.

Станува збор за линијата „Hop, Skip and Jump“, главна врска меѓу плажите и населбите како Менли, Ферлајт и Балгоула. На автобусот веќе е поставена табла со порака дека облеката мора да се носи над костимот за капење.

Одлуката дали некој е „соодветно облечен“ ќе ја носи самиот возач, што отвори прашања околу тоа каде точно се повлекува границата.

Мерката следува по бројни поплаки од патници, особено од повозрасни граѓани, кои сметаат дека ваквиот начин на облекување е непристоен и непријатен во затворен простор. Дел од нив изјавиле дека автобусите се мали и тесни, па ситуацијата знае да биде „одбојна“.

Сепак, има и спротивни ставови. Помлади жители сметаат дека е тешко да се дефинира што е прифатливо, особено во крајбрежна област каде луѓето често носат спортска и лесна летна облека.

Иако новото правило веќе се применува, сè уште не е официјално вметнато во кодексот на однесување објавен на веб-страницата на локалниот совет. Реакциите не стивнуваат, а дебатата за „пристојноста“ во јавниот превоз продолжува.

Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo