ПРВ.мк
Магазин

Православните верници ја одбележуваат Недела на мироносиците - што симболизира овој празник?

Православните верници ја одбележуваат Недела на мироносиците - што симболизира овој празник?

Православните верници денеска го одбележуваат празникот посветен на светите жени мироносици, како и на Јосиф од Ариматеја и Никодим, кои имале значајна улога во погребението и сведочењето на Христовото воскресение.

Мироносиците се жени кои, според христијанската традиција, први пристигнале на гробот на Исус Христос со миро за да го довршат погребниот обред. Наместо тоа, тие биле сведоци на празниот гроб и први ја примиле веста за Воскресението, по што ја пренеле на апостолите.

Меѓу најпознатите мироносици се Марија Магдалина, Саломија, Јоана, како и сестрите Марија и Марта. Тие, заедно со други жени, го следеле Христос и му служеле во текот на неговото проповедање.

Јосиф од Ариматеја и Никодим, пак, го погребале Христовото тело и подоцна сведочеле за неговото воскресение, и покрај притисоците и страдањата со кои се соочиле.

Празникот ја истакнува улогата на жените како први сведоци на Воскресението и симболично ја нагласува радоста и надежта што таа вест ја донела.