ПРВ.мк
Магазин

Поранешниот сопруг на партнерката на Швајнштајгер со тешки обвинувања!

Поранешниот сопруг на партнерката на Швајнштајгер со тешки обвинувања!
Escape

Маркус Ферагут, претприемач од Мајорка и поранешен сопруг на Силва Капитанова, се огласи по повод нејзината врска со поранешниот германски фудбалер Бастијан Швајнштајгер. Ферагут сподели детали од нивниот бурен развод, кој, според него, бил исполнет со недоверба и лични предавства.

Силва Капитанова, која деновиве е во фокусот на медиумите поради новата врска со Швајнштајгер, беше фотографирана со него на одмор во Грција, што дополнително го подгреа интересот за нејзиното минато.

Поранешниот сопруг на Силва тврди дека за време на нивниот брак таа често ја напуштала куќата под изговор дека оди на тренинзи или часови по танц, додека, според него, се среќавала со други мажи.

„Додека јас останував дома за да се грижам за децата, таа имаше сосема различни приоритети“, изјавил Ферагут пред блиски пријатели.

Маркус потекнува од реномирано семејство од Мајорка. Неговиот дедо го основал познатиот Аудиториум Мајорка, а тој и неговиот брат се активни во културниот живот на островот.

Претходно, Силва се најде во медиумите поради кратка врска со шпанскиот танчер Карлос С., која завршила со обвинувања и судски постапки – таа го тужела за вознемирување, а потоа се соочила со контратужба за обид за изнуда. Случајот бил затворен поради недостаток на докази.

По разводот, нивните синови останале да живеат со Маркус на Мајорка, а Силва го продолжила својот живот надвор од Шпанија. Повторно влезе во фокусот кога беше видена со Швајнштајгер, што ги отвори шпекулациите дека нивната врска започнала уште додека тој бил во брак со Ана Ивановиќ.

Mia Home Mavrovo

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape