Готварската и лајфстајл емисија на Меган Маркл, „Со љубов, Меган“ (With Love, Meghan), нема да добие трета сезона, објави Нетфликс. Шоуто беше промовирано како големо враќање на поранешната американска глумица, но критиките и ниските рејтинзи го означија неговиот крај.
Еден од најзапаметените моменти беше кога Меган ја поправи Минди Калинг за презимето Маркл, нагласувајќи дека таа сега носи презимето Сасекс, што предизвика бројни реакции на социјалните мрежи. И покрај тоа што самата Маркл тврдеше дека публиката ја сака емисијата и дека критиките се само „обид на критичарите да си ги платат сметките“, шоуто не успеа да се пробие на американскиот топ-10 на Нетфликс, завршувајќи само на 383. место во првата половина од 2025 година.
Сега, Меган се повлекува од телевизискиот формат и се фокусира на развојот на својот бренд за животен стил As Ever („Како и секогаш“), кој вклучува производи како мед, чаеви и вино. Според непотврдени извори, таа планира да споделува совети за готвење, креативни идеи и животен стил на социјалните мрежи, во пократок и поедноставен формат.
Иако „Со љубов, Меган“ полека заминува во историјата, Маркл не се откажува од своите амбиции и продолжува да се обидува да изгради бренд што ќе ја надмине контроверзноста што ја следи повеќе од шест години, откако таа и принцот Хари го напуштија кралското семејство.

















