ПРВ.мк
Магазин

Ова се најлошите градови за живот во 2026 година – листата ќе ве изненади

Ова се најлошите градови за живот во 2026 година – листата ќе ве изненади

Дамаск, главниот град на Сирија, повторно е прогласен за најлош град за живот во светот според Глобалниот индекс за квалитет на животот за 2026 година, кој го објавува „Економист интелиџенс јунит“ (Economist Intelligence Unit).

Истражувањето опфаќа 173 градови ширум светот, кои се оценуваат според пет клучни критериуми: стабилност, здравствена заштита, образование, инфраструктура и култура со животна средина.

На дното на листата се најдоа градови кои со години се соочуваат со вооружени конфликти, политичка нестабилност, висока стапка на криминал, економски проблеми и недоволно развиени јавни услуги.

Најлошо рангирани градови за живот:

  • Дамаск, Сирија (173. место)
  • Триполи, Либија (172. место)
  • Дака, Бангладеш (171. место)
  • Карачи, Пакистан (170. место)
  • Алжир, Алжир (169. место)
  • Лагос, Нигерија (168. место)
  • Хараре, Зимбабве (167. место)
  • Порт Морсби, Папуа Нова Гвинеја (166. место)

Дамаск е на последното место уште од 2013 година, најмногу поради последиците од долгогодишната граѓанска војна. Во останатите градови главните предизвици се пренаселеноста, слабата инфраструктура, економската криза и безбедносните ризици, што значително го намалува квалитетот на живот на нивните жители.