Полициски службеници од СВР Велес утринава околу 02:15 часот го привеле 26-годишниот Е.Х. од Велес, откако на улицата „Благој Ѓорев“ агресивно се однесувал кон полицајци кои извршувале службени задачи.
При извршениот преглед кај него бил пронајден и одземен нож, а дополнително било утврдено дека бил под дејство на алкохол. Алкотестирањето покажало дека имал 1,00 промил алкохол во крвта.
Осомничениот бил задржан во полициска станица, за случајот бил известен јавен обвинител, а по неговото целосно документирање против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.






