ПРВ.мк
Црна Хроника

Случај што ја вознемири јавноста - МВР со кривична против кумановецот за семејно насилство

Случај што ја вознемири јавноста - МВР со кривична против кумановецот за семејно насилство

Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против жител на Куманово поради сомнение дека подолг период вршел семејно насилство врз членови на своето семејство. Според пријавата, тој со своето однесување предизвикувал страв, вознемиреност и несигурност кај оштетените.

По преземените мерки и документирањето на случајот, против осомничениот е поднесена кривична пријава, а предметот ќе биде доставен до надлежното јавно обвинителство за понатамошно постапување.

Надлежните институции повторно апелираат секој случај на семејно насилство навремено да се пријавува, со цел да се обезбеди заштита на жртвите и навремена реакција на институциите.