ПРВ.мк
Магазин

НОВА КАРТА НА ЕВРОПА: На неа Македонија има друго име - не е грешка!

НОВА КАРТА НА ЕВРОПА: На неа Македонија има друго име - не е грешка!

На Инстаграм страницата Forummapping беше објавена интересна мапа на Европа која привлече големо внимание кај корисниците, а особено во земјите од нашиот регион.

Наместо современите официјални имиња на државите, на мапата се искористени историски имиња поврзани со некогашните области, географски целини и древни држави, кои биле предложени од вештачка интелигенција (AI).

Како се означени Македонија и земјите од регионот?

За нашиот простор, мапата го користи историското име Вардар, засновано врз античките и историските географски одредници кои со векови се присутни во европските и светските карти.

Покрај Македонија, големо внимание кај корисниците од регионот предизвикаа и имињата за соседните земји:

  • Србија е означена како Rascia: Станува збор за латинскиот назив за Рашка, историската област која имаше клучна улога во развојот на средновековната српска држава. Називот најчесто се поврзува со стариот град Рас (Стари Рас), кој бил еден од најважните политички центри во тоа време.
  • Хрватска е означена како Dalmatia: Овој назив потекнува од античкото време и се поврзува со илирското племе Делмати, по кои Римјаните ја нарекле својата провинција Dalmatia. Римската провинција опфаќала значително поширок простор од денешна Далмација и се протегала низ делови од денешна Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија и Албанија.

Објавата предизвика бројни реакции и дискусии на социјалните мрежи околу тоа колку вештачката интелигенција прецизно ги избрала историските термини за секоја европска земја.