ПРВ.мк
Магазин

Ниту офлајн паричниците повеќе не се безбедни – хакери направија крипто-грабеж од 130 милиони долари

Ниту офлајн паричниците повеќе не се безбедни – хакери направија крипто-грабеж од 130 милиони долари

Хакери украле повеќе од 130 милиони долари во криптовалути, искористувајќи сериозен безбедносен пропуст во хардверски паричници, кои досега се сметаа за едни од најсигурните решенија за офлајн чување дигитални средства.

Според првичните анализи, нападот не бил изведен преку класично пробивање на мрежа, туку преку ранливост во софтверот задолжен за генерирање и управување со приватните клучеви. На тој начин, напаѓачите успеале да дојдат до клучните податоци и да преземат контрола врз крипто-средствата на корисниците.

Истражувањето на блокчејн-трансакциите покажува дека нелегално биле префрлени криптовалути во вредност од над 130 милиони долари. Дел од оштетените корисници дознале дека нивните паричници се испразнети дури кога ги поврзале уредите за проверка или потврда на трансакции.

Инцидентот отвори сериозни прашања за безбедноста на физичките крипто-паричници, кои долго време се сметаа за најдобра заштита од сајбер-напади.

Производителите на погодените уреди веќе објавија итни софтверски ажурирања за отстранување на пропустот, а експертите ги советуваат корисниците веднаш да ја проверат верзијата на фирмверот, да ги ажурираат уредите и привремено да избегнуваат префрлање нови средства сè додека не се потврди дека безбедносниот проблем е целосно решен.