ПРВ.мк

НЕЦЕНЗУРИРАНО ВИДЕО ОД ПРОБАТА НА ПРЕТСТАВНИЧКАТА НА ИЗРАЕЛ НА ЕВРОВИЗИЈА Еве што навистина се случувало во публиката, сите зборуваат за овој скандал

НЕЦЕНЗУРИРАНО ВИДЕО ОД ПРОБАТА НА ПРЕТСТАВНИЧКАТА НА ИЗРАЕЛ НА ЕВРОВИЗИЈА Еве што навистина се случувало во публиката, сите зборуваат за овој скандал
Jumbo Banner

Снимките од салата покажуваат каква била всушност атмосферата на настапот на Израел во текот на генералната проба на која присуствувала публиката.

Во пресрет на втората полуфинална вечер на Евровизија, која се одржа синоќа во Базел, се случи скандал. Имено, на израелската претставничка Јувал Рафаел ѝ приредија скандал на пробата.

Присутните во салата ги исвиркаа претставниците на споменатата земја, употребија и свирчиња, имаше навредливи зборови, како и зборови на поддршка за Палестина, која е во војна со Израел.

Снимките од салата покажуваат каква била всушност атмосферата на настапот на Израел – свирчиња и развеани знамиња на Палестина ја придружуваа Јувал.

Израелската јавна телевизија Кан поднесе кривична пријава до швајцарските власти, опишувајќи го гестот како „таргетирано злосторство од омраза“. Учеството на Рафаел на натпреварот беше проследено со тензии во последните денови, бидејќи во Базел беа организирани пропалестински протести, а швајцарските власти го кренаа нивото на безбедност на највисоко ниво. Швајцарската полиција уапси пропалестински демонстрант кој ѝ се закануваше на израелската делегација во текот на церемонијата на отворањето на Евровизија во Базел.

Која е Јувал Рафаел?

Јувал Рафаел е 24-годишна пејачка која го преживеа нападот на музичкиот фестивал „Нова“ во октомври 2023 година. Во текот на нападот, таа се скрила под телата на другите жртви во засолништето, а фрагмент од шрапнел сè уште се наоѓа во нејзината нога. Нејзината песна носи силен личен контекст што дополнително ја подели публиката.

Минатата година, израелската претставничка се соочи со закани поради воената акција на Израел.

Синоќа, пред полуфиналето, се случи скандал кога таа беше исвиркувана и пробата мораше да биде прекината. Веќе на пробите, некои успеаја да донесат палестински знамиња и да ги развиорат во текот на нејзиниот настап.

Видеото може да го погледнете тука

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран