Во индиската сојузна држава Гуџарат се случува вистинска приказна за љубов, благодарност и неверојатна врска меѓу две наизглед сосема различни животни – леопард и крава.
Еден жител, откако купил крава, неколку ноќи по ред слушал необично лаење на кучиња во дворот. За да открие што се случува, поставил безбедносни камери. Она што го видел на снимките го оставило без зборови – секоја вечер, во скоро исто време, во дворот доаѓал див леопард и тивко седел покрај кравата. Ниту ја напаѓал, ниту покажувал агресија – само седел до неа, мирно и тивко, како да е најприродната работа на светот.
Зачуден, сопственикот го контактирал лицето од кое ја купил кравата. Тогаш ја дознал трогателната позадина на оваа необична дружба. Имено, кога леопардот бил младенче, стара само 20 дена, останал без мајка – убиена од ловци. Сам и беспомошен, малиот леопард би загинал да не била токму таа крава. Таа му го дала своето млеко и го хранила како да е нејзино теле. Благодарение на нејзината нега и топлина, младенчето преживеало.
Кога леопардот пораснал, бил вратен во дивината. Но неговото срце никогаш не заборавило. Денес, како возрасна и силна ѕверка, тој и понатаму секоја ноќ се враќа – не за да лови, туку за да ѝ биде блиску на единственото суштествo што некогаш му дало љубов.
Оваа неверојатна приказна ги стопли срцата на многумина и потсетува дека љубовта и благодарноста не познаваат видови – тие се универзален јазик што го разбираат сите живи суштества.
