ПРВ.мк

Научниците потврдија: Омиленото македонско јадење најбрзо ги топи масните наслаги на стомакот

Научниците потврдија: Омиленото македонско јадење најбрзо ги топи масните наслаги на стомакот
VERO Banner

Луѓето кои редовно јадат грав, имаат помал обем на струк и дури 22% помал ризик од прекумерна тежина.

Дури и за оние кои редовно вежбаат, понекогаш е многу тешко да се ослободат од вишокот килограми, особено масните наслаги на стомакот и боковите.

Често се вели дека „рамниот стомак се создава во кујната“, па така наидуваме на совети за намирниците што треба да се избегнуваат. Меѓутоа, познатата диететичарка и авторка, Синтија Сас, смета дека клучот е во внимателниот избор на секојдневната исхрана.

„Кога ќе јадете вистински видови на намирници, тоа може да ви помогне побрзо да ги изгубите масните наслаги“, изјавила таа во интервју за Today.

А која намирница е најдобар сојузник за рамен стомак? Според мислењето на Синтија, тоа е – гравот.

„Ако го засакамте гравот, тој може да ви помогне да изгубите килограми и да го намалите стомакот“, изјавила Сас и додала дека луѓето кои редовно јадат грав имаат помал обем на струк и дури 22% помал ризик од прекумерна тежина.

Со неа се согласува и познатиот американски кардиолог и телевизиска личност, д-р Мехмет Оз.

„Гравот е богат со растворливи влакна, кои го поттикнуваат растот на добрите бактерии во цревата и така ја намалуваат воспаленоста поврзана со масните наслаги на стомакот“, изјавил д-р Оз, препорачувајќи да се додава мала количина грав (приближно една чаша) во секој оброк – дури и за појадок.

Можеби звучи необично, но всушност не е така тешко – гравот може да се додаде во салати и чили, или пак да се направат вкусни мафини од леблебии.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран