ПРВ.мк

Кабонга стана ЛЕГЕНДА: Со забите влечеше воз тежок 279 тони

Кабонга стана ЛЕГЕНДА: Со забите влечеше воз тежок 279 тони
VERO Banner

Египетскиот борач Ашраф Махрус, познат и под прекарот Кабонга, оваа недела доби формално признание од Гинисовата книга на рекорди за повлекување воз со само силата на забите, како и во уште две категории, пренесе денеска АП.

Махрус (40) доби два сертификата за влечење локомотива и за најбрзо повлекување на патничко возило на 100 метри.

Тој изјави дека локомотивата од два тони ја повлекол за помалку од 40 секунди.

Повлекувањето на возот само со силата на забите, Махрус го изведе во четвртокот, на железничката станица Рамзес во центарот на Каиро, пред присуство на голем број гледачи.

Египетскиот борач тогаш го повлекол воз тежок 279 тони само со помош на јаже кое го држел со забите, долго речиси 10 метри, кое било врзан за возот.

Потоа, тој го повторил подвигот, влечејќи го возот со јажето околу рамената, за да ги развесели гледачите.

Махрус, кој е и претседател на Египетската федерација за професионални борачи, претходно добил признание од меѓународната франшиза за кршење и јадење 11 сурови јајца за 30 секунди во февруари 2024 година, како и за тоа што со забите повлекол камион тежок 15.730 килограми во јуни 2021 година.

Настанот влезе во Гинисовата книга на рекорди, а еден од организаторите на настанот изјави дека Махрус за ова тренирал само 20 дена.

Елнаке додаде дека Махрус едноставно има „ненормална сила“.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран