Се работи за мали точкести израстоци кои најчесто се појавуваат на торзото, рацете и рамениците, а жените ги имаат и на градите. Понекогаш од нив се шират крвни садови во сите правци.
Ако на кожата забележите црвена точка која сте ја немале претходно, не се грижете, станува збор за ангином – мал бениген тумор составен од крвни садови, кој е потполно безопасен. Постојат различни видови, а можат да се појават било каде на телото.
Причини за појавата:
Години на живот
Многу луѓе ги добиваат овие точки по 30-тата година од животот. Обично се работи за многу мали точкести израстоци кои најчесто се појавуваат на торзото, рацете и рамениците, а жените ги имаат и на градите. Тие се резултат на промени на кожата и крвните садови кои доаѓаат со годините. Во овој случај, станува збор за ангими во облик на минијатурна трешња.
Здравствени проблеми или лош стил на живот
Ако ангином изгледа како точка од која се шират крвни садови, тоа може да укажува на проблеми со црниот дроб, болести на крвниот систем или хормонска нерамнотежа во телото. Овој тип се нарекува пајак-ангиом. Тие често се појавуваат во детството и за време на бременост, а кога се јавуваат во голем број, може да упатуваат на оштетување на црниот дроб.
Кога да посетите лекар?
Ако забележите дека црвената точка неочекувано менува големина, форма или започне да крвари, треба да се посетите лекар.
Ангимите не треба да се лекуваат, освен ако крварат или ако ви создаваат проблеми. Можат да се третираат со електродезикација, течен азот или ласер. Сите три методи обично даваат добар козметички резултат. Електродезикацијата се состои од допирање на кожата со електрична игла и уништување на крвните садови. Течен азот е ладен гас што се распрскува по кожата со помош на распрскувач или се нанесува со памук. Ласерот користи зрак на концентрирана светлина. Според експертте од Американскиот остеопатски колеџ за дерматологија, понекогаш ангимите може да се повторат по лекувањето.
Најдобра превенција за појавата на ангими е здрав живот и урамнотежена исхрана.
Јадете многу овошје и зеленчук и не заборавајте на здравите масти, како оние од авокадо и маслиново масло. Ова ќе помогне вашата кожа да остане млада и здрава.