ПРВ.мк

Специјалните полициски единици спасија две момчиња од водите на Мавровското езеро (ВИДЕО)

Специјалните полициски единици спасија две момчиња од водите на Мавровското езеро (ВИДЕО)
VERO Banner

Екипи на Министерството за внатрешни работи (МВР), САЕ Тигар, ренџерската служба на Националниот парк „Маврово“ и локални жители успешно извлекоа две лица од Мавровско Езеро, на кои им се превртел чамецот. Како што информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК), извлечените лица се наоѓаат во возилото на итната медицинска помош.

Претходно, ЦУК соопшти дека полицискиот хеликоптер со тим од САЕ Тигар, опремен со чамец, се упатил кон двете лица кои се потпирале на нивниот превртен чамец.

Од ЦУК истакнуваат дека двете лица успеале да го превртат чамецот и да го вратат во нормална позиција, по што успеале повторно да се качат во чамецот и чекале да бидат извлечени од тимот на САЕ Тигар.

„Благодарност до храбрите припадници на Одделот за воздухопловни единици и САЕ „Тигар“, како и на сите други кои со брза и решителна акција денес успеаја да спасат две момчиња од водите на Мавровското Езеро“, напиша министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.

Ова е уште една потврда дека полицијата е тука за граѓаните во секоја ситуација и подготвена е да реагира и во случаи на сложени спасувачки акции.

Погледнете го видеото

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран