Кривична пријава за „несовесно работење во службата“ против двајца вработени во ЈП „Национални шуми“
СВР Битола поднесе кривична пријава против П.Ж.(55) и Р.И.(58), двајцата од Демир Хисар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело кривично дело ,,несовесно работење во службата“. Во 2023 и 2024 година, пријавените, вработени во Шумско – стопанска единица „Илинска планина“ – Демир Хисар, дозволиле да има неконтролирана – бесправна сеча и на тој начин била нанесена штета на шумскиот фонд на Јавното претријатие „Национални шуми“ во висина од 1.100.925 денари.