ПРВ.мк
Магазин

Меѓународен конкурс за стрип на Стрип салон „Велес 2026“ – право на учество за автори од целиот свет!

Меѓународен конкурс за стрип на Стрип салон „Велес 2026“ – право на учество за автори од целиот свет!
Kristal

Во рамки на подготовките за 23. Меѓународен стрип салон „Велес 2026“, најзначајната стрип манифестација во Македонија, е распишан меѓународен конкурс за стрип. Конкурсот е отворен за автори од целиот свет, без ограничување на возраст или пол, и се реализира со поддршка од Министерството за култура и Општина Велес.

Учесниците можат да испраќаат стрипови со должина од една до шест табли (формат А4), со минимална резолуција од 300 dpi при електронско испраќање. Стрип на една страница треба да содржи најмалку три сликички. Темата е слободна, освен за учениците од основно и средно образование кои треба да се консултираат со своите училишта.

Секој автор може да учествува со еден стрип, а повеќе автори можат да работат на едно дело, со јасно наведени улогите за сценарио, цртеж и финална обработка. Заедно со стрипот се доставува и кратка биографија, фотографија, датум на раѓање, адреса, држава, е-пошта и година на изработка.

Стриповите на македонски автори и на македонски јазик со кирилско писмо ќе имаат предност при оценувањето. Сите дела ќе бидат изложени во рамки на Стрип салон „Велес 2026“ и можат да добијат дополнителна промоција.

Стриповите ќе ги оценува тричлена комисија која ќе додели повеќе награди:

  • Прва награда „Златен стрип“ – 300 евра
  • „Сребрен стрип“ и „Бронзен стрип“
  • Награда за најдобро сценарио
  • Награда за најдобар млад автор до 18 години
  • Специјални признанија

Рок за испраќање: 1 август 2026 година Адреса за поштенско испраќање: Стрип центар на Македонија, ул. „Васил Ѓоргов“ 78, Велес Е-пошта за електронско испраќање: [email protected]

Ова е уникатна можност за авторите да ги прикажат своите стрип дела пред меѓународна публика и да се приклучат кон традицијата на најголемиот стрип настан во Македонија.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo