ПРВ.мк
Магазин

Лето во ресторани Сидро – Вкусете ја убавината на медитеранскиот живот!

Лето во ресторани Сидро – Вкусете ја убавината на медитеранскиот живот!
Escape

Летото бара лесна, свежа и вкусна храна. А додека сонцето сјае најјако, а деновите се полни со авантури, совршениот крај на секој топол летен ден се случува токму во рестораните Сидро. Познати по рижота, салати, риба и морски плодови приготвени со внимание и љубов, во овие скопски ресторани секогаш сме добродојдени.

Опуштената атмосфера, со отворени тераси, свеж воздух и амбиент под отворено небо, Сидро нуди совршено место за бегство од секојдневието – и дење и навечер.

Летната градина, добрата и вкусна храна, како и љубезноста на персоналот го прават Сидро местото каде летото има вистински вкус. Атмосферата е лежерна, но елегантна – идеална како за семејни ручеци, така и за вечерни излегувања со пријателите или романтични вечери.

Менито нуди внимателно избрани вкусови од медитеранската кујна, споени со традиционални македонски јадења – идеален избор за ладна салата, свежо подготвен октопод, или рижото со морски плодови, сервирано со чаша квалитетно вино или освежителен коктел.

„Во лето, луѓето не бараат само оброк – туку цело доживување. Затоа ние вложуваме во секој детал – од квалитетот на состојките, преку услугата, до амбиентот кој го нудиме," велат од Сидро.

Без разлика дали сакате семеен ручек, романтична вечера или излегување со друштво – Сидро е вашето летно пристаниште.

Mia Home Mavrovo