ПРВ.мк
Свет

Нова тешка закана од Москва – Грушко со предупредување: НАТО веќе се спрема за судир со Русија

Нова тешка закана од Москва – Грушко со предупредување: НАТО веќе се спрема за судир со Русија
Escape

Рускиот заменик-министер за надворешни работи, Александар Грушко, остро го обвини НАТО дека го подготвува својот воен апарат за отворен судир со Русија. Според него, целокупното планирање и воено засилување што го спроведуваат земјите-членки на Алијансата не е само превентивна мерка, туку активна подготовка за потенцијален вооружен конфликт со Москва.

„Военото засилување е подредено само на една цел – да се постигне воена супериорност во сите правци, да се создаде реална воена закана за Руската Федерација и да се подготви структурата на НАТО и ЕУ за конфликт со Русија“, изјави Грушко за руската агенција РИА Новости.

Оваа изјава следува по предупредувањата на американскиот командант Кристофер Донахју, кој на конференција во Германија откри дека НАТО развил оперативен план за неутрализирање на руските одбранбени капацитети во Калининград – енклава со огромна стратешка важност.

Москва подолго време алармира за, како што вели, „невидена воена активност“ на НАТО во близина на нејзините западни граници. Русија тврди дека сето тоа што западот го нарекува „одвраќање на руската агресија“, всушност, ја дестабилизира безбедноста на целиот регион.

Покрај тоа, Кремљ обвинува дека западните лидери намерно го создаваат „митот за руската закана“ со цел да ги пренасочат своите граѓани од сериозните внатрешни социјално-економски проблеми. Според руската дипломатија, ваквиот пристап не само што го зголемува ризикот од конфликти, туку и ја турка Европа на работ на нова геополитичка катастрофа.

Mia Home Mavrovo