ПРВ.мк
Магазин

Католиците утре го слават Велигден, понеделник ќе биде неработен ден

Католиците утре го слават Велигден, понеделник ќе биде неработен ден

Католичките верници утре, на 5 април, го одбележуваат Велигден – празникот на Христовото воскресение, кој се смета за најголем христијански празник. Ватиканскиот календар за 2026 година потврдува дека Велигден оваа година според Грегоријанскиот календар се празнува токму на 5 април.

Поради празникот, за припадниците на католичката вероисповед во Македонија, понеделник, 6 април, е неработен ден. Ова право произлегува од Законот за празниците, каде што е наведено дека првиот ден на Божик, вториот ден на Велигден и Празникот на сите светци, според Грегоријанскиот календар, се неработни денови за католичките верници.

Велигден, односно Пасха, го симболизира воскресението на Исус Христос и за верниците претставува празник над празниците, ден што носи силна духовна порака за спасение, надеж и нов почеток. Самиот поим Пасха потекнува од грчкиот збор „Πάσχα“, кој е преземен од еврејскиот „pesach“, со значење премин.

Празникот доаѓа по долг период на молитва, пост, покајание и духовна подготовка, а за католичките верници претставува еден од најзначајните денови во годината.