ПРВ.мк
Магазин

Изгорени од сонцето? Без паника, овие совети можат да ви ја спасат кожата

Изгорени од сонцето? Без паника, овие совети можат да ви ја спасат кожата
Escape

Без разлика колку сте внимателни, понекогаш едноставно ќе „изгорите“. Но, ако веќе ви се случило тоа – не паничете, туку преземете ги овие шест докажани чекори од експертот д-р Мунир Сомџи, кои можат значително да го намалат црвенилото, болката и оштетувањето на кожата.

1. Смирете ја кожата со ладна памучна крпа Првиот чекор е да ја намалите температурата на кожата. Ставете чиста, ладна и влажна крпа на погодената област. Ова ја смирува површината и го ублажува воспалението. Не користете мраз директно – тоа може да направи повеќе штета отколку корист.

2. Заборавете на алое вера и „активни состојки“ Можеби звучи чудно, но алое вера може да ја зголеми шансата за инфекција, особено кај посериозни изгореници. Наместо тоа, користете церамиди, емолиенси и глицерин, кои помагаат кожата да ја задржи влагата и ја обновуваат кожната бариера.

3. Земете антихистаминици за оток и чешање Ако кожата ви отекува, чеша или ве боли, антихистаминиците може да го ублажат воспалението. Консултирајте се со фармацевт или доктор за соодветен избор.

4. Не ја чепкајте лупената кожа – никако! Колку и да е примамливо да ја „соблечете“ изгорената кожа, тоа е најлошото што можете да го направите. Може да предизвикате лузни, инфекции и подолг период на заздравување. Оставете ја природно да се обнови.

5. Строго избегнувајте сонце додека кожата заздравува Вашата кожа е веќе трауматизирана. Дури и кратка изложеност може дополнително да ја оштети. Останете во сенка, носете лесна облека и шапка додека не заздравите целосно.

6. За во иднина: крема со SPF 30 или повеќе – задолжителна Изгореницата е јасен знак дека не сте се заштитиле како што треба. Во иднина, користете водоотпорна крема со најмалку SPF 30, нанесувајте ја на секои два часа, особено ако сте на плажа или се потите.

Овие едноставни, но клучни чекори може да направат огромна разлика во тоа како вашата кожа ќе се опорави.

Mia Home Mavrovo