Кристијано Роналдо и неговата долгогодишна партнерка Георгина Родригез го започнаа летниот одмор на шпанскиот остров Мајорка, каде што пристигнаа со приватен авион заедно со своето семејство.
Иако нивното доаѓање привлече големо внимание, најмногу реакции предизвикаа прстените што двајцата ги носеа, поради што на социјалните мрежи повторно се појавија шпекулации дека можеби се венчале далеку од очите на јавноста.
Дополнителен поттик за ваквите гласини беше и објавата на Георгина на Инстаграм, во која напиша дека ужива во краток одмор и со нетрпение ги очекува убавите работи што следуваат. Дел од нејзините следбеници веднаш почнаа да претпоставуваат дека двојката би можела да организира приватна свадбена церемонија.
По пристигнувањето, семејството се сместило на нивната 27-метарска луксузна јахта „CG Mare“, именувана според иницијалите на Кристијано и Георгина. Јахтата е во нивна сопственост од 2020 година.
Првиот ден од одморот го започнале со тренинг. Роналдо вежбал со својот личен тренер, додека Георгина имала посебен тренинг, а потоа на социјалните мрежи сподели фотографии и мотивациска порака во која ги охрабри своите следбеници да се грижат за своето тело и здравје.
Иако гласините за тајна венчавка повторно се засилија, засега нема официјална потврда дека Роналдо и Георгина стапиле во брак.









