ПРВ.мк
Магазин

Фустанот што ја менува играта: Зошто секоја жена над 50 мора да го има оваа есен

Фустанот што ја менува играта: Зошто секоја жена над 50 мора да го има оваа есен

Есента носи слоевити комбинации и класични парчиња, но долгиот црн фустан се издвојува како ултимативен моден фаворит за жени над 50 години. Манекенката Кејт Мос неодамна го покажа совршениот пример на улиците на Лондон – едноставен, но ефектен макси-фустан со долги ракави кој ја истакнува витката линија, а истовремено нуди дискретна елеганција.

Познати личности како Алекса Чанг, Сиена Милер и Џејзи Лоу исто така го избираат овој фустан за есенските настани, докажувајќи дека е задолжителен дел од секој плакар.

Зошто овој фустан е есенско „must-have“:

  • Природни материјали и должина до глуждовите елегантно паѓаат на телото, прикривајќи ситни недостатоци и визуелно издолжувајќи ја силуетата.
  • Се комбинира со сѐ: елегантни чизми, патики, бајкерски чизми, капути, блејзери и ремени за нагласување на фигурата.
  • Минималистички дизајн што овозможува лесна трансформација со различни додатоци – марами, шалови, шешири.

Без разлика дали одите на деловен состанок, вечерно излегување или романтична вечера, долгиот црн фустан е избор што секогаш гарантира стил и елеганција. Кејт Мос покажува дека помалку е повеќе и дека клучот за беспрекорна елеганција лежи во едноставноста и квалитетот.



Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape