ПРВ.мк
Магазин

ФОТО: По еден пропаднат брак, повторно се омажи познатата македонска пејачка

ФОТО: По еден пропаднат брак, повторно се омажи познатата македонска пејачка

По повеќе години врска чувана далеку од јавноста, познатата македонска пејачка Дани Димитровска повторно стапи во брак. Таа вчера, на 10 септември, се омажи со својот долгогодишен партнер – поранешниот кошаркар и сегашен директор на КК „Работнички“, Горан Веселиновски – Весел.

Интимната венчавка помина во семејна атмосфера. Дани блескаше во друштво на сопругот, нејзиниот син Лазар и ќерката на Горан од неговиот прв брак.

На својот Инстаграм профил пејачката објави две фотографии – едната со децата, а другата покрај својот избраник. Наместо класична венчаница, таа избра модерен стајлинг со бели панталони и ролка без ракави со карнери, додека Горан беше во бела кошула.

Ова е втор брак за Дани – првиот пат се омажи на 20 години, а веќе на 21 година го доби синот Лазар. Со новиот сопруг, пак, ја почнува втората брачна приказна, која изгледа дека ќе биде исполнета со многу љубов и хармонија.


Escape