Во последната епизода од шестата сезона на шоуто „The Kardashians“, Клои Кардашијан откри едно изненадувачко признание – само едно познато лице би можело да ја убеди да се откаже од славата.
Станува збор за славниот фризер Крис Еплтон, кој е добро познат по својата работа со нејзината сестра Ким Кардашијан, како и со ѕвезди како Џенифер Лопез и Кришел Стаузе.
„Тој е толку убав! Кој не би го посакал? Има толку добра енергија… Не знам дали би му се допаднала, но дефинитивно би го сакала“, искрено кажа Клои, споделувајќи ја својата симпатија.
Нејзиниот коментар дојде откако таа и Крис на роденденската забава за 44-тиот роденден на Ким се пошегуваа на тема апликации за запознавање.
„Треба сите тие апликации да се спојат во една и да се вика ’Што остана‘ – затоа што реално, сите сме веќе заебани“, се насмеа Еплтон, на што Клои додаде дека не би ѝ пречело тие двајца да бидат заедно.
„Тоа не звучи толку лошо. Мене само ми треба некој за друштво, па нека си оди после кај што сака – а јас ќе си бидам дома“, кажа таа низ смеа, но и откри дека со години не била интимна со никого.
Клои, која од 2021 година е сингл по прекинот на врската со кошаркарот Тристан Томпсон, со кого има две деца, вели дека не брза со нова љубов и дека сака да остане во „целибат“ сè додека не се појави вистинскиот.