ПРВ.мк
Магазин

Еврото добива ново лице! ЕЦБ распиша конкурс за редизајн – еве кој може да учествува

Еврото добива ново лице! ЕЦБ распиша конкурс за редизајн – еве кој може да учествува
Escape

Голема промена доаѓа за еврото! Европската централна банка (ЕЦБ) официјално започна процес за редизајн на евробанкнотите, првпат по две децении. Веќе е објавен јавен повик до сите графички дизајнери кои имаат живеалиште во Европската Унија, да поднесат свои предлози за изгледот на новите банкноти.

📅 Рокот за аплицирање е до 18 август 2025 година, а сите избрани дизајни ќе влезат во натамошна постапка за селекција.

➡️ Според одлуката на Управниот совет на ЕЦБ, конечниот дизајн се очекува да биде усвоен до крајот на 2026 година. По тоа, ќе следува јавна анкета со граѓаните ширум Европа кои ќе можат да го кажат своето мислење за новиот изглед.

🎨 Досега се избрани две главни теми што ќе доминираат во новиот визуелен концепт:

  • „Европска култура“ – која ќе го слави богатото културно наследство, заедничките вредности и познатите Европејци кои оставиле трага;
  • „Реки и птици“ – која ќе се фокусира на природната убавина, биодиверзитетот и отпорноста на европските екосистеми.

🛠️ По финалниот избор на тема и дизајн, ќе започне процесот на техничка подготовка и печатење на новите банкноти, кој ќе трае неколку години. Ова значи дека новото еврo ќе влезе во оптек најверојатно кон крајот на деценијата.

📢 ЕЦБ ја охрабрува креативната заедница во Европа да учествува и да придонесе за новото лице на валутата што ја користат над 340 милиони луѓе.

Mia Home Mavrovo