ПРВ.мк
Македонија

Повик што ѝ го смени денот: Пензионерка од Скопје фрли 900 евра од тераса – вистината дојде предоцна

Повик што ѝ го смени денот: Пензионерка од Скопје фрли 900 евра од тераса – вистината дојде предоцна
Escape

Осумдесетгодишна жена од Скопје станала жртва на класична телефонска измама, кога маж ѝ се јавил и ѝ се претставил како полициски службеник, со драматична и вознемирувачка приказна – дека нејзината внука наводно прегазила дете кое починало, и дека ќе заврши во затвор ако итно не се „реши“ случајот со пари.

Според податоците од Министерството за внатрешни работи, на 17 јули во СВР Скопје било пријавено дека инцидентот се случил ден претходно. Жената, преплашена и збунета, под стрес и убедена дека ѝ помага на својата внука, следела инструкции од непознатиот маж и фрлила околу 900 евра од терасата на својот дом.

Откако измамникот ги подигнал парите и исчезнал, жената сфатила дека станува збор за измама и го пријавила случајот во полиција.

Од МВР потврдуваат дека се преземаат сите потребни мерки за целосно расчистување на случајот, а истовремено апелираат до граѓаните – особено повозрасните – да не наседнуваат на вакви телефонски повици. Секогаш се препорачува да се консултираат со блиски лица или веднаш да се јават во полиција.

Ова е уште еден потсетник за честите и се поинвентивни измами насочени кон доверливи граѓани, при што измамниците играат на картата на страв и итност за да извлечат пари.

Mia Home Mavrovo