ПРВ.мк
Македонија

Клиниката Козле во кризна состојба: Болни деца згрижени на други локации

Клиниката Козле во кризна состојба: Болни деца згрижени на други локации
Escape

Болницата за белодробни заболувања кај деца во скопската населба Козле остана без вода, поради што сите деца кои имаат потреба од хоспитализација ќе бидат пренасочени кон други клиники, информира Министерството за здравство.

Според официјалното соопштение, пациентите ќе бидат згрижувани на Универзитетската клиника за детски болести и на Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби, додека во Козле ќе продолжи да функционира само дневната болница и амбулантскиот третман.

Министерството нагласи дека ова е времено решение, со цел да се обезбеди континуирана грижа и третман за најмладите пациенти додека трае кризата со водоснабдувањето.

Причината за проблемот, според директорката на Клиниката, д-р Катерина Бошкова, е недоволниот притисок на вода кој се јавил изминативе денови, а вчера (17 јули) воопшто немало вода во објектот. Причината е што објектот се наоѓа во висока урбана зона, каде што водоснабдувањето е потешко.

Во моментов болницата функционира со цистерни со техничка вода, кои ги обезбедува ЈП „Водовод и канализација“, но тоа не е доволно за безбеден прием и третман на деца кои имаат потреба од 24-часовна нега и хоспитализација.

Министерството ја следи ситуацијата и информира дека штом се нормализира водоснабдувањето, Козле повторно ќе започне со прием на пациенти за хоспитализација.

Оваа ситуација предизвика загриженост кај родителите и јавноста, особено поради фактот што станува збор за специјализирана клиника за деца со белодробни болести, која е од особено значење за зимски и сезонски инфекции.

Mia Home Mavrovo