Американската манекенка и актерка Емили Ратајковски предизвика шок кај своите следбеници на ТикТок, откривајќи дека ја добила најлошата фризура во нејзиниот живот по последната посета на фризер.
Во видеото, Емили ја покажала новата фризура, додека со една рака покривала дел од косата, велејќи: „Време е за приказна, да, користам филтер, затоа што ја имам најлошата фризура во животот и треба да се чувствувам убаво“.
Иако на почетокот изгледало како типична степенеста фризура, Ратајковски ги изненадила гледачите кога открила дека се работи за хаотични, испрекинати прамени, вклучувајќи и шишки на задниот дел на главата. „Ох, мислевте дека се шегувам? Да, имам шишки на задниот дел на главата“, додала таа.
„Шокантно“, заклучила манекенката, објаснувајќи дека иако може да ја сокрие фризурата до некаде, нема помош ако дува ветер.
Видеото предизвика смеа кај фановите, кои оставиле бројни хумористични коментари под објавата, како што се: „Каква фризура сакаше?“, „Дали ќе го тужиш фризерот?“, „Мислев дека богатите немаат овие грижи“ и „Изгледаш како Лијам Галагер“.
@emratano but fr thank you @Kérastase♬ original sound – Emrata