Мараја Кери, легендарната пејачка, се соочува со се поголема загриженост бидејќи нејзиниот начин на живот почнува да има сериозно влијание на нејзиното здравје, но и на нејзината кариера.
Наиме, извори блиски до Мараја откриваат дека нејзиното целоноќно излегување и прекумерно забавување почнува да влијае на нејзините настапи, но и на нејзиното здравје воопшто.
Обожавателите останале шокирани откако неодамна се појави видео од нејзин концерт, на кое се гледа како Мараја се движи необично бавно на сцената. На нејзиното лице било забележливо дека не се чувствува добро.
Според тврдењата на нејзини блиски пријатели, Мараја буквално се присилува да одржи темпо со помладите ѕвезди, во секој поглед, занемарувајќи ги негативните последици од своите постапки.
Уште еден аспект од нејзиниот начин на живот исто така негативно влијае на нејзиното здравје.
„Секоја вечер се однесува како да е новогодишната ноќ“, вели извор, додека пејачката спие во текот на денот и се забавува цела ноќ. Алкохолот, брзата храна и недостигот од сон веќе ѝ влијаат на здравјето, додава изворот.