Трагедијата во Кочани ја зголемува свеста за опасноста од пиротехника не само во Македонија, туку и во земјите во регионот.
Пејачката Барбара Бобак на својот настап во Загреб покажа голема внимателност и одговорност по трагичниот инцидент во Македонија, кога 59 лица загинаа во пожар во дискотека предизвикан од пиротехника.
Токму на нејзиниот настап, кога била активирана пиротехника, Барбара веднаш ја прекинула песната и реагирала. „Изгаснете го ова“, побарала пејачката.