ПРВ.мк
Магазин

Жељко Јоксимовиќ со трогателна исповед: Мајка ми се разболе од стрес, Мина немаше детство

Жељко Јоксимовиќ со трогателна исповед: Мајка ми се разболе од стрес, Мина немаше детство
Escape

Во искрено интервју во емисијата „Цеца шоу“, познатиот пејач Жељко Јоксимовиќ за прв пат откри детали за најтешката животна фаза која оставила длабоки траги врз неговото семејство.

Иако со години одбегнува јавни појавувања, тој се согласи да биде гостин кај својата пријателка Цеца Ражнатовиќ и да проговори за болните моменти од својата кариера и личен живот.

„На почетокот беше навистина тешко. Луѓето зборуваат, а јас сум едноставно тоа што сум. Но најмногу страдаа моите најблиски“, рече Јоксимовиќ.

Особено тешко ја погодиле шпекулациите дека ја украл песната „Lane moje“, за што вели: „Најголемата лага беше таа. Мајка ми доби херпес по целото тело од стрес.“

Со тага зборуваше и за својата ќерка Мина, која како дете била изложена на медиумски написи што ѝ го нарушиле спокојството: „Мина немаше безгрижно детство. Читаше сè што пишуваа за мене, а беше само дете.“

Со овие зборови, Жељко за прв пат јавно ја отвори вратата кон болката што ја трпеле неговите најсакани, и покажа колку славата може да има и темна страна.

Ask ChatGPT

Mia Home Mavrovo