ПРВ.мк
Црна Хроника

ДРАМА НА РАСКРСНИЦА: Автомобил удри два мотори, граѓани трчаа да помагаат! - Еве ги деталите

ДРАМА НА РАСКРСНИЦА: Автомобил удри два мотори, граѓани трчаа да помагаат! - Еве ги деталите

Во центарот на Белград денеска се случи сериозна сообраќајна несреќа во која автомобил удрил во два мотоцикли, при што се повредени три лица и настанала паника меѓу минувачите.

Инцидентот се случил околу 13 часот на раскрсницата меѓу улиците Влајковиќева и Светогорска. Според првичните информации, автомобил „Опел корса“ при свртување наводно не им дал првенство на минување на моторциклистите кои се движеле по улицата, по што дошло до силен судар.

Ударот бил толку силен што еден од моторите бил буквално соборен, а вториот мотоцикл кој бил во близина исто така бил погоден и завршил на земја.

Очевидци велат дека сцената била драматична – повредените лежеле на тротоар, додека околу нив се собрал голем број граѓани кои се обидувале да помогнат до доаѓањето на итната помош.

Според информациите од лице место, сите тројца повредени биле свесни во моментот на интервенција. Двајца од нив – маж и жена – биле легнати на земја, додека третиот имал полесни повреди и гребнатини на грбот.

Полицијата извршила увид, а сообраќајот во овој дел од градот бил отежнат поради несреќата и присуството на итните служби.

Во тек е истрага за да се утврди точната причина за судирот и дали навистина е направена грешка при давање првенство на минување.