Сараево синоќа беше потресено од драматичен инцидент кој предизвика паника меѓу жителите на населбата Алипашино Поле, откако во доцните вечерни часови дојде до вооружен напад во кој еден млад човек беше тешко повреден.
Сè се случило непосредно пред полноќ, околу 23:45 часот, на Трг ЗАВНОБиХ, кога граѓаните пријавиле истрели кои одекнувале низ населбата и веднаш предизвикале вознемиреност. За неколку минути, целото подрачје било преплавено со полициски екипи, а наскоро пристигнала и брза помош.
Според информациите од полицијата, млад човек со иницијали Б.Х. се здобил со повреди предизвикани од огнено оружје. Неговата состојба, според неофицијални извори, е тешка и лекарите се борат за неговиот живот.
„Случа е пријавен во 23:45 часот. Полициските службеници се на терен и интензивно работат на расветлување на сите околности“, потврди портпаролката на МВР на Кантон Сараево.
Она што дополнително ја шокира јавноста е тоа што засега не е познат мотивот на нападот. Истражната постапка е во тек, а полицијата сè уште не открива дали се работи за лична пресметка, криминален конфликт или нешто друго.
Жителите велат дека слушнале неколку истрели и дека сцената изгледала „како од филм“, додека целиот реон бил под силно полициско обезбедување во текот на ноќта.
Овој случај уште еднаш ја отвора темата за безбедноста и ја вознемирува јавноста во главниот град на Босна и Херцеговина.







